Следните смартфони со оперативниот систем “Android” ќе го гледаат на светот како луѓе, пишува “Индипендент”.
Програмерите на платформата од “Google” информираа дека ќе вградат во неа системи од алгоритми со кои уредот ќе детектира и расудува фотографии и други слики како човек.
Технологијата е производ на партнерството меѓу “Google” и “Movidius” – компанија која развива чипови за “машински изглед”. Тие веќе соработуваа на проектот “Project Tango”, во кој преку неколку камери му се овозможува на компјутер да согледува димензионални простори. Слична технологија допрва треба да биде вградена во смартфоните со “Andorid”. Тоа ќе им овозможи на телефоните да препознаваат објекти на фотографии и други слики, без да мора да се поврзат со интернет.
Камерите ќе се потпираат на зборови и сообраќајни знаци, и ќе ги поднесуваат податоците за оперативниот систем. Евентуално, воведот ќе се користи на сосема нов вид уреди и телефони, сметаат од “Google”. Технолошкиот гигант веќе користи различни случувања кои овозможуваат компјутерски системи да бидат структурирани како човечкиот мозок.