Холивудската актерка Анџелина Џоли денес е мајка на шест деца, но во ниту еден момент од животот таа не посакала да има деца.

14BBDD7B000005DC-0-image-m-2_1418147629500
-Многу е чудно. Никогаш не посакав да имам дете. Всушност не сакав да бидам бремена. Себеси не се гледав како мајка, рекла Анџелина.

Актерката која моментално е во Камбоџа, каде го режира својот следен филм „Тие прво го убија мојот татко“, откри дека кога прв пат дошла во едно училиште во Камбоџа и станало јасно дека нејзиниот син е некаде во таа земја. Првото дете, синот Медокс го посвоила во 2002 година.

Медокс, кој има 14 години денеска и помага на својата мајка при снимањето на филмот поради што таа е многу среќна.

-Конечно можам да кажам дека мојот живот е на вистински пат и чувствувам дека сум таму каде треба да бидам, рекла таа.

По Медокс актерката ја посвои шесмесечната Захара Марли од Етиопија во 2005 година.

Анџелина го роди своето прво биолошко дете, ќерката Шајло во 2006 година.

Наредната година Анџелина и Бред го посвоиле Пакс од Виетнам, а веќе идната година на Канскиот фестивал Анџелина открила дека очекуваат близнаци, па така во 2008. година Енџи и Брет ги добија Нокс и Вивиен.

Слични содржини