195
Попладнево на аеродромот во Скопје пристигна вториот пациент кој се лекуваше во странство. Се работи за 22 годишниот Ангел, кој беше повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Топло добредојде на Ангел, вториот пациент, кој попладнево пристигна од болницата во Атина му посакаа министрите Таравари и Муцунски. Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување. Му посакуваме брзо закрепнување и добро здравје“, објавија на Фејсбук страницата од Министерството за здравство.
Вечерва се очекува да пристигнат уште четворица пациенти, кои беа на лекување во Шпанија.