Ангелевска од ВМРО ДПМНЕ експресно разрешена, откако побара оставка од лидерот Мицкоски

од Берта Китинска
395 прегледи

Долгогодишна членка на ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска, од Општина Битола беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од лидерот Христијан Мицковски и вонреден конгрес.

„Вонреден конгрес, мобилизирање на партиската структура, сојузништво со граѓаните, застапување и искрена борба за нивните интереси, единствено тоа ВМРО ДПМНЕ ќе го врати на победничката патека. Секој одминат ден без вонреден конгрес, ја ослабува партијата, а слабо и дефокусирано ВМРО ДПМНЕ е само на штета на Македонија, на нејзината иднина и на штета на нејзините граѓани“, изјави вчера Ангелевска.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола вечерва преку соопштение реагираше на на изјава на Анита Ангелевска од која во целост се оградија и дека е разрешена од партиските функции.

„Во целост се оградува од изјавата на г-ѓицата Ангелевска Анита, која побара оставка на Претсетаделот на партијата Христијан Мицкоски.Поривот и причините за нејзината изјава, сметаме дека се кријат неколкуте судски спорови кои се водат против истата, за што веруваме дека притисокот е голем.Сметаме дека изјавата на Г-ѓицата Ангелевска, на која во претходниот период и беа доверени повеќе партиски функции како и советничката функција во Советот на Општина Битола, е водена строго од личен интерес, под големо влијание на власта, како и судско- партискиот систем на Зоран Заев. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, ја разрешува Ангелевска Анита од сите партиски функции кои ги обавува и упатува порака дека нема да бидат толерирани изјави и акти, спротивни на Статутот и Деловникот на партијата “, пишува во соопштението.

На нивното соопштение следеше реакција од Васко Наумовски  член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, кој упати неколку прашања до ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неколку прашања до ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со нивната реакција за изјавата на Анита Ангелеска:

  1. Како се најдовте повикани да се оградите од изјава, во која самата Анита вели дека ја дава во лично име? Ви се јавија од „горе“? Кому му се јавија?
  2. Кој ја одобри реакцијата или соопштението знаејќи дека ОК Битола моментално е без претседател и без ОК?
  3. Како тоа експресно ја разрешивте Анита од сите партиски функции, го направивте тоа според Статутот? На состанок на ОК со гласање? Кога беше одржан тој состанок на ОК?
  4. Не чувствувате барем малку срам да клеветите некого за мотивите, шпекулирајки за некакви судски уцени, посебно кога тоа се однесува на човек кој во овој мандат на Советот на Општина Битола се однесува најопозиционерски и како што доликува на Советник во Општина од ВМРО-ДПМНЕ?“, пишува на својот Фејсбук профил Наумовски.

По вчерашната изјава на Анита Ангелевска и реакцијата на нејзината партија ВМРО ДПМНЕ, денеска со реакција се огласи битолската СДСМ.

„На ДПМНЕ Губитничко сите други им се виновни за очајната состојба во која се наоѓа, само тие самите не. Одговорот за сите превирања во сопствените редови упорно го наоѓаат надвор од партијата и како по обичај бегаат од одговорност и соочување со постапките. Мантрата “Заев е крив” не може да ја оправда оваа “братоубиствена” борба што се случува во ДПМНЕ Губитничко, ниту пак вечно да го штити тронот на неприкосновениот лидер на опозициската партија“, стои во соопштението.

Слични содржини