Барањето за вонреден конгрес се наметна само по себе, односно откако Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не успеа да се наметне како алтернатива на оваа очајна власт. Во тешки времиња за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ под водство на Мицкоски не успеа да стане учесник во процесите, односно како намерно да останува надвор од сето тоа, изјави во Утрински брифинг Анита Ангелевска, советничка од ВМРО – ДПМНЕ во Битола, која беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од лидерот Христијан Мицковски и вонреден конгрес.
– Она што Мицкоски го најави при доаѓање на чело на партијата беше обединување на членството, подобрување на односите со меѓународната заедница и зголемување на коалициските капацитети. Апсолутно ништо од ова не се случи, дури и читаме дека Мицкоски се јавува по телефони и моли да се сретне со некои претставници од меѓународната зедница.Јас во моментов ја обавувам функцијата советник во општина Битола. И не знам кои функции сега би ми биле одземени. Кога зборуваме за демократија во ВМРО-ДПМНЕ тоа треба да се гледа низ два аспекти – целиот процес кој се случува и многу брзо ќе резултира со вонреден конгрес го потврдува демократскиот капацитет на партијата, додека нивниот однос кој оние што јавно го покажуваат несогласувањето покажува дека одредена структура несреќно ги бира чекорите и реакциите кои ги прави, вели Ангелевска и додава дека е убедена дека целиот процес ќе резултира со вонреден конгрес и обединување на ВМРО-ДПМНЕ.