Имено ставот на Пандов е следен:
„Бугарија најде село без кучиња. Ова да беше во Србија, ќе беше предизвикана војна. Ако настанат вакви промени, тоа е инженеринг. Ние Ченто го дознавме на факултет, па оттаму истото сака и Бугарија сега да го направи. “
Ангелов пак, е истомисленик со Пандов во однос на новата концепција за основно образование и меудругото посочи дека Дговорот со Бугарија не опфаќа заедничка историја туку заедничко чествување на настани и ликови од историјата.
„Во договорот со Бугарија зборуваме за заедничко чествување на ликови, не се зборува за заедничка историја. Како Исус што ги презел гревовите врз себе, така Заев го презема гневот на нардот за чекор во ЕУ. Историјата сметам дека треба да биде засебен предмет. Ова е мој став и историјата треба да си ја учиме онакаква каква што е“, вели Ангелов.
Во подоцнежниот дел од дебатата, Ангелов го тестираше Пандов за познавање на историјата, за што се дојде до заклучок дека ова не е квиз. Имено, Пандов му порача на Ангелов дека не е дојден на квиз.
Ангелов подоцна го запраша Пандов, која е најчесто слушаната песна на митинзите на ВМРО ДПМНЕ, на што тој одговори дека е „Димче Могилче“.