Ангелов: Доколку Мицкоски беше против Преспанскиот договор ќе извадеше луѓе на улица

од Viktor Jovanov
307 прегледи

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше против Преспанскиот договор ќе извадеше луѓе на улица, но тие тоа не го направија. Не протестираа ниту кога ги осудија луѓето за 27 април. Тогаш можеше Мицкоски да повика на масовни протести и да им помогне на луѓето, но тоа не го направи затоа што и за двете работи смета дека правилно е постапено, вели Стојанче Ангелов, лидер на партијата Достоинство, дел од владејачката коалиција.

-Кога од политички интереси не сакаат да се поврзат со осудениците, можеа барем индирекно да им помогнат. Тие луѓе имаат семејства, жени и деца на кои сега им треба помош, тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прави. Во однос на договорот со Грција, тоа е калкулација, Мицкоски е свесен дека е невозможно да се поништи договорот и доколку утре дојде на власт нема тоа да го направи. Оди до одредна линија против Преспанскиот договор но не и преку неа знаејќи дека после таа линија ќе го надразни западот, вели Ангелов.

На ова одговори и Филип Петровски велејќи дека на членството на ВМРО-ДПМНЕ му се сервира промената на името како завршена работа.

-Мицкоски сам кажа доколку има 80 пратеници и Бадентерово мнозинство, што нема никакви шанси да се случи, ќе направел чекор наназад. Тоа така го кажува од причина што наводно ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против тоа, но не може само од причина што нема 80 пратеници, вели Петровски.

Слични содржини