Ангелов не го пуштија ни на емисија во МРТВ-, забранет влез за такви гости ?!

од Vladimir Zorba
135 прегледи

НЕ само што не ги слушаат неговите пораки и не ги обjавуваат материјалите кои им ги остава , туку МРТВ отидоа чекор повеќе – не го пуштија Стојанче Ангелов да влезе да гостува на емисија.

stojanche_MTV_13-3-15-5-600x4001-540x360

Тој како и изминатие вечери  повторно беше пречекан од обезбедувањето на јавниот сервис, и иако  доби покана за гостување во живо на фреквенцијата на култното радио 103-ка, не му беше дозволено, пренесеБриф.

– Да не ви правам непријатност – рече Ангелов.

На ова дечките од 103-ка одговорија: „Нас и онака ни е непријатно“!

Тука се вмеша обезбедувањето и не дозволи Ангелов да влезе во просториите на радиото.

Но сепак беше снимена изјава од Ангелов која беше емитувана во програмата.

105702

Ангелов бара МТВ да ги емитува снимките  од пресовите на опозицијата во вестите, бидејќи „јавниот сервис има таква должност и обврска, бидејќи за неа плаќаат претплата сите граѓани. Ангелов потоа и преку Фејсбук раскажа што се случило:


ЦЕНЗУРА
Додеке бев во објектот на МРТВ се сретнав со двајца водители од култниот “Канал103“ или “парчето светлина во мрачните лавиринти на македонската радио- телевизија! smile emoticon

Водителите ми предложија да отидеме во студио и да гостувам во нивната емисија. Прифатив без да му ја мислам и тргнав по нив. Тогаш ни пријде човек од обезедувањето и ни објасни дека јас не смеам да влезам внатре. Ми падна жал за човекот. Возрасен маж, со мустаќи, пред пензија. Не сакам да му ги загорчувам последните работни денови. Тој најмалку е виновен што му дале таква наредба. Има време, ќе гостувам друг пат.

Затоа, уште еднаш ве повикувам, дојдете утре, сабота, во 12.00 часот пред МРТВ! Дојдете за заедно да ја оослободиме од стегите на режимот! За доброто на сите македонски граѓани!

П.С. Во недела протестен марш! Старт во 12.00 часот пред споменикот на бранителите! Цел: МРТВ! Дојдете да маршираме заедно!

14.03.2015 година
Генерал Ангелов

.