Ангелов: Недовербата го отежна напредокот помеѓу С.Македонија и Бугарија

354 прегледи

Одбележан е невиден напредок по потпишување на Договорот за добрососедство кој ги гарантира соседските односи помеѓу Бугарија и С.Македонија и истиот имаше низа заеднички настани на лидерите од двете земји.

Но, две години подоцна, тешко е да се препознае напредок, а на негово место настана недоверба, напади и штетни дејствија, истакна бугарскиот амбасадор во С.Македонија, Ангел Ангелов во рамки на една бугарска телевизија.

„Главниот проблем е дека договорот меѓу нашите држави создаде рамка, дека нештата ќе се променат и ќе почнеме да се движиме по нов пат. Но, за жал, кон Бугарија досега не видовме таква голема желба за соработка“, истакна Ангелов.

Како што пренесе МИА, според бугарскиот амбасадор, емоциите се главни и во овој случај ја прават работата посложена и во таа насока треба да се мисли попрагматично.

„Сите инструменти треба да се применуваат заедно – од историјата до економијата. Тоа е пристапот што е најправилен“, посочи тој.

Оценува дека Бугарија покажала добра волја во однос на Северна Македонија во изминатите години, но нивната земја, како што рече, има своја национална позиција, усвоена со консензус од Националното собрание.

Слични содржини