Ангелов: Снегот воопшто не нѐ изненади, реагиравме на време

од Берта Китинска
174 прегледи

За време на снежните врнежи невозможно е да се очекува патиштата да не се лизгави, вели во интервју за емисијата „Економски Магазин“ првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој вели дека во случај на интензивни врнежи граѓаните требало да бидат потрпеливи и да не патуваат кон места каде однапред се знае дека ќе има снежни наноси.

„Екипите на Македонија пат излегоа на терен. Во моментот додека снегот врнеше, автопатиштата и магистралните патишта се чистеа во реално време. Но, колку и да сте организирани, значи многу поорганизирани држави од Македонија…нормално е додека врне снег да имаме лизгави места и нормално е некаде снегот да прави навеви. Треба енормен број на механизација за еден автопат да биде целосно исчистен. Таков пример немаме никаде во Евроопа“, вели Ангелов.

Слични содржини