Во своето гостување во „Топ тема“, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов посочи дека засега нема потреба од активирање на капацитетите на приватното здравство, како и тоа дека ЦУК редовно оддржува координации врзани за Ковид пандемијата, но дека ова институција не е на врвот на хиерархијата.
„Пакетот мерки е закочен поради политички причини. Кризна состојба не беше активирана со цел да се набават вакцините. Благодарение на кризната состојба,ако дојдеме до ситуација да нема капацитети во јавното здравство, ние ќе можеме да ги преземеме капацитетите во приватните болници. Бројот на болни на кои им треба хоспитализација почна да паѓа. Јас одговорно тврдам дека во минатиот бран немавме потреба да го активираме приватното здравство. ЦУК не е на врвот на хиерархијата на водење во кризната состојба. Јас ќе ја прифатам критиката и ќе се активирам да се надмине комуникацијата со јавноста, со цел да биде се почеста“, истакна Ангелов