Анѓушев: Батериските системи веќе не се дополнителна опција, туку клучна алка за одржливост на енергетската транзиција

Во последните години главните инвестиции беа насочени кон фотоволтаични централи. Денес веќе јасно се гледа дека без дополнителни решенија, системот не може да ја апсорбира целата произведена енергија, вели управителот на компанијата ЕМС, дел од групацијата ФЕРОИНВЕСТ

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Капитал

На крајот на 2025 година и на почетокот на 2026, македонската енергетика влегува во нова фаза. По неколку години интензивни инвестиции во фотоволтаични електрани, системот се соочи со сериозни предизвици – ниски, па дури и негативни берзански цени во часовите на најголемо производство, ограничувања во преносната мрежа и финансиски загуби за инвеститорите.

„Капитал“ разговараше со Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, дел од групацијата ФЕРОИНВЕСТ, кој смета дека денес веќе нема дилема:
системите за складирање на електрична енергија стануваат клучен предуслов за стабилност, профитабилност и усогласување со европските правила.

-Во последните години главните инвестиции беа насочени кон фотоволтаични централи. Денес веќе јасно се гледа дека без дополнителни решенија, системот не може да ја апсорбира целата произведена енергија. Во изминатите две години имавме ситуации со негативни берзански цени, што значи дека производителите или мораа да ги исклучуваат електраните или дури да плаќаат за некој да ја преземе нивната енергија. Вишокот од обновливи извори создава дебаланси во мрежата и покажува дека складирањето станува неопходност, а не избор. Батериските системи веќе не се дополнителна опција, туку клучна алка за одржливост на енергетската транзиција, вели тој.

Слични содржини