Централната банка на Велика Британија денеска ќе пушти во оптек банкноти со ликот на кралот Чарлс Трети.
Ова го прави втората кралска личност чиј лик се наоѓа на банкноти, по неговата мајка Елизабета Втора.
– Ова е историски момент бидејќи првпат го менуваме суверенот на банкнотите – изјави гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Чарлс.
Додека поранешната кралица се појавува на банкнотите од 1 фунта од 1960 година, кралот Чарлс ќе биде прикажан на банкнотите од 5, 10, 20 и 50 фунти.
Банкнотите ќе се печатат само за да ги заменат оние кои се оштетени или за да се задоволи зголемената побарувачка за пари, пренесува Sky News. Овој пристап кон печатот го минимизира влијанието врз животната средина, објасни гувернерот.
Банката на Англија постави привремени места за собирање на новите банкноти во одредени пошти.