Англиската полиција разговараше со десетгодишно момче муслиман кое во училиштето напишало дека живее во куча на терористи (terrorist house), што на англиски се пишува слично како куќа во низа (terraced house).

Наставниците не увиделе дека е во прашање грешка во спелување, туку го пријавиле детето во полиција, за што се обврзани со закон.
Поради тоа полицијата разговараше со ученикот и направила анализи на семејниот лаптоп.
Родителите бараат извинување од училиштето и од полицијата.