Англија во шок: Момче само ги погледнало, а тие го прободеле 18 пати (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Тројца тинејџери беа осудени во понеделникот во Англија за убиство на момче. Ужасниот напад се случил во февруари кога тинејџери со велосипеди нападнале 15-годишно момче и без причина го избоделе до смрт.

Бабакар Дијагне (15), жртвата на нападот, не ги познавал тројцата напаѓачи, пренесува Би-Би-Си.

На снимката се гледа како еден од напаѓачите го сретнал Бабакар во друштво на пријателите, се свртел по нив, се погледнале и продолжиле секој во својата насока. Набргу потоа, убиецот се сретнал со уште двајца. Со велосипеди тргнале да го бараат момчето кое не го ни познавале.

Тие ненадејно го пресретнале и го избоделе со нож. Имал 18 убодни рани, претежно на градите и горниот дел од телото.

Напаѓачите прво почнале да го удираат момчето, а потоа го фрлиле на подот. Прво се спротивставил, но откако го удриле во главата, тој останал да лежи неподвижен.

Некои од сведоците велат дека е можно она што се чинело како удар да било всушност убод од нож.

Сите тројца беа прогласени за виновни за убиство.

Бидејќи станува збор за малолетници, нивните имиња се недостапни за јавноста, иако судијата го разгледува барањето за укинување на ограничувањата што ќе овозможат идентификување на овие немилосрдни убијци.

Тинејџерите убијци во моментов се соочуваат со можност за доживотен затвор.

Слични содржини