Ангус Клауд не оставил писмо за „самоубиството“, причината за смртта сè уште е мистерија

од Nikola Popovski
386 прегледи

Актерот Ангус Клауд не оставил писмо во кое наводно го најавил своето самоубиство, како што пренесуваат некои американски медиуми, ексклузивно дознава „TMZ“. Клауд, ѕвездата на серијата „Еуфорија“, почина на 31 јули, на 25-годишна возраст.

Американската јавност шпекулира дека тој случајно се предозирал додека тагувал за загубата на својот татко. Официјалната причина за смртта сè уште не е откриена.

Ангус бил пронајден без свест во неговиот дом. Неговата мајка Лиза неодамна на Фејсбук нагласи дека за неа овој случај не е самоубиство.

Немаше намера да стави крај на својот живот. Кога се прегрнавме за добра ноќ, кажавме колку се сакаме, а тој рече дека ќе ме види наутро, се присетила Лиза.

Сепак, таа не е сигурна дали после тоа нешто дали Ангул „си внел нешто во телото“.

Знам само дека ја стави главата на масата каде што работеше на уметничките проекти, заспа и не се разбуди. Можеби ќе дознаеме дека случајно и трагично се предозирал, но сосема е јасно дека немал намера да го напушти овој свет, заклучила претходно мајката на актерот.

Слични содржини