Анѓушев и Апостолска на средба со бизнис секторот во Свети Николе

од desk4
120 прегледи

  Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска ќе остварат работна посета на општина Свети Николе. 

За време на престојот ќе ја посетат компанијата МИК Свети Николе, во индустриската зона Овче Поле, кадешто ќе остварат средба со менаџментот и ќе извршат обиколка на производствените капацитети, компанијата БИМ.

Во Свети Николе ќе остварат средба со бизнис секторот од овој регион.