-Оптимизмот дома за датумот за преговори со ЕУ произлегуваше од нашите оценки за напредувањата по критериуми по поглавја. Нашата држава има најсолидни оценки од државите во опкружувањето кога влегувале во ЕУ. Се разреши прашањето со името, прашањето на добрососедски односи со останатите земји и тоа се реши. – рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вечерва во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
-Во тој извештај ве оценуваат како во училиште – оцена за состојбата и напредокот. Нашите оценките за подготвеност се исто толку добри дури и подобри во некои поглавја во споредба со оценките за подготвеност на земјите од опкружувањето кога почувале со преговорите или веќе отпочнале .“ – појаснува Анѓушев.
Тој смета дека овој пат без разлика како тоа ќе се толкува во општеството нашата држава и политика не биле критериуми дали ваква одлука ќе се случи.
-Едноставно односите внатре во ЕУ, во земјите членки беа критериум. Таа внатреполитичка состојба некако се пресликува во одлуките на ЕУ бидејќи таму одлуките се носат со концензус. Тоа го кажа и Макрон. – изјави Анѓушев.
-Ние алтернатива немаме. Јас можам да кажам, без разлика каква ќе биде конечната одука, план Б немаме и не треба да имаме. Длабоко сум убеден дека не смее да се смени драстично надворешната политика. Прашање на време кога ние ќе го постигнеме датумот за почеток на преговорите бидејќи никој не спори за критериуми. – рече Анѓушев.