Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев во своето гостување во емисијата Само Интервју на Канал5 телевизија ги демантираше обвинувањата од страна на ИРЛ во врска со отровниот мазут кој би внесуван во Република Северна Македонија.
- Ниту јас лично, ниту компанијата ,,Брако”, ниту било која друга моја компанија увезла во оваа држава било каков нафтен дериват. Не го отфрлам фактот дека Брако троши мазут, троши околу 20 тони месечно, кој е купен од домашен пазар. За количината на мазут која Брако ја користи, не може да се увезе од надвор, вели Анѓушев.