Анистон конечно проговори за Бред Пит: „Често разговараме“

од Stefanija Kuzmanovska
565 прегледи

Фановите ширум светот сè уште со нетрпение посакуваат помирување на еден од најомилените холивудски парови – Бред Пит и Џенифер Анистон, иако двајцата речиси никогаш не разговараа јавно за нивниот однос по разводот.

Надежите беше подгреани од заедничкиот перформанс во кој Бред и Џенифер учествуваа во читањето на „Fast Times at Ridgemont High“, а снимката наскоро стана вирална.

Џенифер конечно го прокоментира нивниот однос гостувајќи кај Хауард Стерн.

На прашањето дали ѝ било непријатно да настапува со поранешниот сопруг, таа одговори дека било забавно.

„Бред и јас сме пријатели. Често разговараме и нема ништо необично во тоа, освен што сите се обидуваат да видат нешто повеќе од тоа во нашиот однос“, рече таа.

Џенифер Анистон и Бред Пит беа во брак од 2000 до 2005 година.

Слични содржини