Анистон на вечера со поранешниот сопруг

од Vladimir Zorba
195 прегледи

ЏЕНИФЕР АНИСТОН и Џастин Теру се снимени на вечера во Њујорк, поради што американските медиуми повторно почнаа да пишуваат за нивно можно помирување. Гласините дополнително ги поттикнаа фотографиите на кои се гледа како ѕвездата на „Пријатели“ го напушта ресторанот со црвена роза во рака.

Поранешните сопружници вечераа со актерите Аманда Анка и Џејсон Бејтман, со кои често се дружеа додека беа во брак. Џенифер се појави во кардиган и панталони со чизми и црна чанта. Нејзиниот поранешен носеше темно зелена јакна и фармерки.

Да потсетиме, Џенифер и Џастин се запознаа во 2007 година кога заедно глумеа во филмот Tropic Thunder, но се заљубија дури на снимањето на филмот Wanderlust, три години подоцна. Својата врска ја открија во јавноста во 2011 година, а една година подоцна се верија. Тие се венчаа во 2015 година.

По две години брак и седум години врска, овој актерски пар реши да тргне по својот пат. Уште тогаш на сите им ставија до знаење дека мирно се разделуваат и дека сакаат да ја задржат приватноста за себе, но сепак се почитуваат.

Слични содржини