Анистон не посвојува дете

од Vladimir Zorba
437 прегледи

Откако медиумите објавија дека посвојува дете, односно дека е во процес на посвојување, се огласи и портпаролот на холивудската актерка Џенифер Анистон. Гласините започнаа во Европа откако тимот на „Пријатели“ повторно се собра по долго чекање да сними специјална епизода за HBO Max.

После тоа, еден куп таблоиди објавија дека 52-годишната Анистон, за време на собирот, им ја доверила среќната вест на своите поранешни колеги од сетот дека е во процес на посвојување дете. Сепак, се покажа дека сè е лага.

Нејзиниот портпарол ги негираше натписите, истакнувајќи дека споменатите тврдења се чиста измислица.

Патем, со текот на годините, од едноставна причина што таа никогаш не се остварила како мајка, се појавуваа натписи, но и фотографии од кои беа извлекувани заклучоци за нејзината бременост, кои никогаш не биле точни. Таа сама зборуваше за тоа во едно интервју во 2017 година.

„Мислам дека би било најдобро за сите да имаат фотографија од мене со раката на стомакот и да кажат -„Конечно бремена“, рече тогаш актерката.

Слични содржини