Снимањето на специјалната серија „Пријатели“ беше одложено поради пандемијата, што во голема мера ги разочара фановите кои едвај чекаа да видат што има во продолжението. Актерката Џенифер Анистон, која го игра ликот на Рејчел Грин, е тажна за целата ситуација во светот, како и од одложеното снимање.
Странските медиуми пишуваат дека првично договорените снимања биле закажани за март, а потоа во мај, за неодамна да се одложат до следно известување.
„Многу сум тажна што моравме да го одложиме снимањето. Но, ова ни даде повеќе време да направиме сè многу повозбудливо, позабавно отколку што би било! Затоа избирам дека чашата е половина полна. Не одиме ние никаде. Никогаш нема да се ослободите од „Пријателите“, изјави Џенифер за странските медиуми.