Актерката која гледачите ја обожаваат од серијата „Пријатели“ и која ја толкуваше Рејчел Грин, Џенифер Анистон, коментира дека деновиве има се помалку комедии.
Таа сега подготви нов проект со колегата Адам Сендлер – „Murder Mystery 2“. Станува збор за криминалистичка комедија која ќе биде достапна за гледање на Нетфликс во наредните денови.
„Комедијата еволуираше, филмовите се променија. Сега тоа е малку незгодно, бидејќи мораме да бидеме многу внимателни, што им отежнува на актерите, бидејќи убавината на комедијата е да се смееш на самиот себе, да се смееш на животот“, заклучила актерката, додавајќи:
„На светот му треба хумор! Не смееме да сфаќаме се премногу сериозно. Особено во Соединетите Американски Држави. Сите се премногу поделени“.
После тоа, таа се осврна на серијата „Пријатели“, која доживеа огромен успех во деведесеттите, а исто толку е популарна и денес.
Џенифер Анистон смета дека денес оваа серија не би можела да се снима по исто сценарио, бидејќи сите лесно се навредуваат.
„Сега има нова генерација, децата кои сега гледаат епизоди од ‘Пријатели’ ги сметаат за навредливи. Не знам. Сè е навредливо за сите овие денови“, рече Анистон, а потоа додаде:
„Имаше работи кои не беа намерни и работи за кои требаше повеќе да размислуваме, но дефинитивно немаше иста чувствителност како денес“.