Анкара бесна на Бајден, а Ким Кардашијан му се заблагодарува за изјавата за геноцидот

од Nikola Popovski
581 прегледи

Ким Кардашијан го поздрави признавањето на претседателот Џо Бајден, дека убиството на повеќе од милион Ерменци од Отоманската империја пред повеќе од еден век бил геноцид.

„По повеќе од еден век борба за вистината и признавање, денес ерменскиот народ го доби признанието на кое сите се надевавме и се молевме, а претседателот Бајден го прогласи масакрот во 1915 година за геноцид“, започнала Ким.

Таа истакнала дека ова е долго патување за ерменската заедница и голем чекор напред за општеството.

„Секоја година чувствував дека сме се поблиску и поблиску до признавање дека тоа што се случи е геноцид. Конечно дојде тој ден“, рекла Кардашијан.

Во својата објава, Ким директно му се заблагодари на Бајден за „храброста да ја каже вистината кога другите не ја сакале“.

Бајден е првиот американски лидер што го опишал масакрот со тој термин, бидејќи ниту еден од неговите претходници не го сторија тоа.

Инаку, Министерството за надворешни работи на Турција го повика американскиот амбасадор во Анкара на разговор, во знак на протест против изјавата на Бајден.

Слични содржини