Анкара не планира да воведе санкции кон Москва за да го задржи отворен каналот за комуникација со Русија, изјави советникот на турскиот претседател Ибрахим Калин. Тој за Си-Ен-Ен Турк објасни дека „мора да има актер кој може да разговара со Русија.“
„Кој ќе разговара со Русија ако ги запалиме сите мостови? „Не планираме да воведуваме санкции за да го оставиме тој канал отворен“, рече Калин.
Еден ден откако турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу рече дека Турција ги предупредила сите крајбрежни и континентални земји да не ги пуштаат воените бродови преку нивните мориња, Калин прецизира дека Анкара ја толкува Конвенцијата од Монтре за да не поттикнува тензии и се консултира со сите.
„Завојуваните страни не можат да ги преминат морињата. Единствен исклучок се бродовите кои се враќаат во базите. Тие бродови имаат право да се вратат“, изјави Калин.
Тој додаде дека Анкара се консултира со сите и дека во овој момент нема барања за минување на воени бродови низ Босфорот.
„Тоа може да се случи. Го елиминираме тој ризик во согласност со правилата на Монтре“, рече тој.
Според Конвенцијата од Монтре од 1936 година, Турција има контрола над Дарданелите и Босфорот, кои го поврзуваат Средоземното Море со Црното Море и може да го ограничи преминувањето на воените бродови за време на војна или доколку е загрозена.
Фото: Henglein and Steets / ImageSource / Profimedia