Младата популација до 30 години се помалку смета дека политичките партии може да го подобрат животниот стандард во државата.Најновата анкета за истражување на јавното мислење спроведена од Институтот за демократија, човекови права и дигнитет, покажува дека над 67 отсто од младата популација смета дека политичките партии не можат да го подобрат животниот стандард во државата.
Спротивно на тоа, 33 отсто од анкетираните мислат дека политичките партии имаат капацитет да го подобрат животниот стандард во иднина.
Прашање
1. Дали сметаш дека политичките партии имаат капацитет да го подобрат животниот стандард во државата?
ДА 33 %
НЕ 67 %
На прашањето дали евентуална промена на власта може да влијае врз подобрување на животниот стандард, добиените резултати се речиси идентични како од претходното прашање, односно повеќе од половина (63%) од младите се изјасниле дека идна промена на власта нема да го подобри животниот стандард во иднина, додека останатиот дел (37%) сметаат спротивно.
Прашање
2. Дали евентуална промена на власта може да влијае врз подобрување на животниот стандард?
ДА 37 %
НЕ 63 %
Институтот за демократија, човекови права и дигнитет ја спроведе анкетата во период од 2 до 13 мај, а во неа учествуваа вкупно 1.823 лица на возраст до 30 години. Истражувањето беше спроведено на територија на С.Македонија, со маргина на грешка до 2 отсто. Институтот за демократија, човекови права и дигнитет е независна европска организација, која спроведува застапувања и истражувања од широк опсег на општествени области. Формирана е со слободна волја на граѓаните, за постигнување и заштита на нивните права и слободи, како и да им служи на граѓанските општества ширум светот.
Наши стратешки цели се: поддршка на демократските вредности и силно охрабрување за нивна имплементација во светот; промовирање и заштита на човековите права и слободи; заштита од дискриминација и бесплатна правна помош; создавање здрава животна средина и одбрана на јавното здравје; поддршка на младинскиот активизам и спроведување на истражувања и анализа на податоци
од повеќе области, стои во анкетата