Анкета: Харис би била добра претседателка на САД

од Илинка Илиоска
65 прегледи

Во услови на зголемен притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да се откаже од неговата кандидатура за реизбор, мнозинството демократи оценија дека неговата кандидатка Камала Харис би била добар претседател, покажуваат резултатите од најновата анкета на јавија американски медиуми, повикувајќи се на анкета Центарот за истражување на односи со јавноста (АП-НОРЦ).

Според анкетата 60 отсто од демократите сметаат дека Харис добро би се снашла на претседателската функција. Околу 20 проценти од демократите не веруваат во нејзините способности, а 20 отсто изјавиле дека немаат мислење.

По катастрофалниот настап на Бајден во телевизиските дебати со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 27 јуни, многу демократи приватно или јавно побараа Харис да биде номинирана наместо Бајден за претседателски кандидат на Демократската партија. Според нив Харис има поголеми шанси да го победи Трамп.

Додека Американците се поскептични за можното однесување на Харис во Овалната соба. Околу 30 проценти од возрасните анкетирани изјавиле дека Харис ќе биде успешна претседателка, 50 отсто навеле дека нема да биде успешна претседателка, а 20 проценти посочиле дека немаат мислење.

Процентот на испитаници кои изјавиле дека планираат да гласаат за Харис е сличен на рејтингот на Бајден. Анкетата покажува дека 40 отсто од возрасните Американци се наклонети кон Харис, додека 50 проценти не. Додека против Бајден се изјасниле 60 отсто од испитаниците. Секој десетти граѓанин на САД навел дека нема информации за да формира мислење за Харис, додека речиси сите имаат мислење за Бајден.

Анкетата покажува и дека околу 75 отсто од членовите на Демократската партија на САД ја одобруваат Харис, што одговара на рејтингот на Бајден од 70 проценти.

Демократскиот комитет денеска ќе разговара за процесот на виртуелно гласање за да го номинира Бајден за демократски кандидат за претседателските избори во САД на 5 ноември. Онлајн гласање е закажано пред Демократската национална конвенција, што ќе се одржи на 19 август во Чикаго, Илиноис.

Слични содржини