Анкета: Харис води пред Трамп со 47 наспроти 42 проценти

од Milan1
28 прегледи

Американската потпретседателка и демократски кандидат за претстојните претседателски избори Камала Харис има предност од 47 спрема 42 пред поранешниот претседател на САД и републикански кандидат Доналд Трамп, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Ројтерс и Ипсос.

Дводневната анкета покажала дека Харис има пет проценти предност меѓу регистрираните гласачи, малку над предноста од четири поени што ја имаше пред Трамп во анкетата на Ројтерс/Ипсос од 21 до 28 август.

Меѓу гласачите кои рекоа дека слушнале барем нешто за дебатата завчера, 53 отсто рекле дека победила Харис, а 24 отсто рекле дека победил Трамп, објави Ројтерс.

Околу 52 отсто од познавачите на дебатата рекле дека Трамп потфрлил и не се покажал остро, додека 21 отсто го кажале истото за Харис.

Анкетата опфатила 1.690 возрасни Американци на национално ниво, вклучително и 1.405 регистрирани гласачи, и има маргина на грешка од околу три процентни поени за регистрираните гласачи.

Слични содржини