Анкета на Институтот за демократија: Граѓаните најмалку веруваат во судството

од desk4

Теренската анкета спроведена во периодот 22 февруари – 9 март годинава на примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице, покажала дека граѓаните

 

На Обвинителството, судството и Државната комисија за спречување на корупцијата, граѓаните, најмалку им веруваат.  Најмногу доверба имаат во верските заедници, војската и полицијата.

 

Ова го покажува последното истражување на Институтот за демократија „Социетас Цивилис во рамки „Програмата за парламентарна поддршка“. Теренската анкета е спроведена во

периодот 22 февруари – 9 март годинава на примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата.

Во однос на институции во политичкиот систем, Претседателот на државата има највисока доверба – 3.6, додека Собранието (3.4) и Владата (3.3) биле оценети речиси исто. Граѓаните, според анкетата, имаат ниска доверба и во политичките партии (3.0).

 

Истражувањето покажува дека повеќе од две третини сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока (69%), додека најпесимистички настроени се жителите од Вардарскиот регион (80%).

 

Перцепцијата на доминантен дел од анкетираните граѓани (79%) е дека пратениците се целосно или делумно зависни од волјата на лидерите на политичките партии од кои доаѓаат. Според учесниците на фокус-групите постои „строга партиска хиерархија каде што повисоките елити се договараат, а другите спроведуваат“.

 

Малку повеќе од половина од испитаниците (52%) се согласуваат дека промената на изборниот модел може да придонесе кон намалување на зависноста на пратениците од партиските лидери.

 

На прашањето „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“, повеќе од половина од испитаниците одговориле дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале.

 

За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 17% од испитаниците, додека за СДСМ 12%. ДУИ добила поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавиле дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка добило Движењето Беса.

Слични содржини