Анкета на „Маркет Вижн“: 41% од граѓаните не веруваат во ниту еден политичар

Најновата анкета на МКД.мк и „Маркет вижн“, спроведена од 2 до 18 март, покажува дека најголем дел од анкетираните изјавиле дека немаат доверба во ниту еден политички лидер (41.3%)

од Кристијан Димков
33 прегледи

Најновата анкета на МКД.мк и „Маркет вижн“, спроведена од 2 до 18 март, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и понатаму уживаат најголема доверба кај граѓаните. И покрај тоа што партијата е речиси две години на власт, а Мицкоски е премиер, нивниот рејтинг останува повисок во однос на опозицијата, при што довербата во него ја надминува вкупната поддршка за лидерите на другите партии.

Сепак, најголем дел од анкетираните изјавиле дека немаат доверба во ниту еден политички лидер (41.3%), додека 25,2% се изјасниле за Мицкоски.

Во однос на партиската поддршка, 24% од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека значително помала поддршка имаат Вреди (5,1%), СДСМ (4,9%), ДУИ (4,8%), Левица (3,1%) и ЗНАМ (2,1%).

Голем дел од граѓаните не планираат да гласаат (28,1%) или се неодлучни (9,7%). Меѓу оние што се определиле, повеќе од половина би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Истражувањето покажува и дека 52% од испитаниците поддржуваат влез во ЕУ без право на вето, додека перцепцијата за правецот на државата е поделена – 36,2% сметаат дека се движи во добра насока, а 46,9% дека оди во погрешна.

Анкетата е спроведена телефонски на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според повеќе демографските критериуми.