СДСМ: Анкета на ВМРО-ДПМНЕ во училиштата во Аеродром, недозволена партизација и злоупотреба на децата

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Анкетата што беше разделена во училиштата во општина Аеродром е недозволива партизација на образовните инситуции и злоупотреба на децата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

315725-sdsm-se-raspagja

Законот за основно и средно образование забранува било какво политичко делување во училиштата.

Anketa Skoli 1

Дрскоста на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што децата сака да ги злоупотреби како инструмент за нивната политичка манипулација без компас.

 

Бараме Просветниот инспекторат веднаш да превземе мерки и согласно законот да сносат одговорност сите што биле дел од оваа политизација и злоупотреба на децата.

Anketa Skoli 2

На Никола Груевски  како да не му е доволно што направи хаос во образовниот процес, па на два месеци од крајот на мандатот ги злоупотребува и децата во училиштата.

 

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ е изгубена партија, без идеи, соочена со страв од промени и паника од губењето на довербата на граѓаните е проблем на самата партија. Оставете ги децата да учат и да му се радуваат на детството.

 

Македонија има идеја: Збогум Никола!, пишува во соопштението на СДСМ