12
Огромното мнозинство Руси, или 79,9 проценти, му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин, според најновата анкета спроведена од аналитичкиот центар ВЦИОМ.
Според анкетата, 15,7 проценти од испитаниците изразиле недоверба кон рускиот претседател, објави РИА Новости.
Исто така, 77,3 проценти од испитаниците го одобруваат работењето на Путин како претседател, додека 14,1 процент не го одобруваат.