Анкета: Русите се согласуваат со целосно исклучување на интернетот во земјата

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Повеќе од половина руски граѓани, 58 отсто, не би биле против целосно исклучување на интернетот во земјата, а 42 отсто веруваат дека странски држави го користат интернетот за да и наштетат на Русија, покажуваат резултатите од вчера објавеното истражување на американски експерти и Серускиот центар за истражување на јавното мислење.

путин нрт

Анкетата покажала дека 49 проценти од испитаниците сметаат дека информациите на интернет треба да се цензурираат, додека 81 отсто не се задоволни од повиците на социјалните мрежи за протести против руската Влада.

Само 10 отсто од Русите одговориле дека како најважни извори за информирање ги користат информативните сајтови, а шест проценти социјалните мрежи. За 60 отсто од граѓаните најважен извор на информација се државните телевизии, за шест проценти е радиото, за пет отсто весниците, а за останатите регионалните медиуми.

Меѓу оние кои не користат интернет, 39 отсто сметаат дека тој им штети на семејните вредности, а 33 проценти на политичката стабилност./МИА