90
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп води пред актуелниот демократски претседател Џо Бајден во Пенсилванија, но заостанува во Вирџинија, според анкетата на Њујорк Тајмс и Колеџот Сиена, спроведена пред атентатот на Трамп во саботата, а објавена денеска.
Анкетите покажуваат дека Трамп има поддршка од 48 отсто од гласачите во Пенсилванија, наспроти 44 отсто кои го поддржуваат Бајден, а во Вирџинија демократот има поголема предност од 46 отсто во однос на Трамп со 44 отсто, наведува Ројтерс.
Анкетата на 872 регистрирани гласачи во Пенсилванија имаше маргина на грешка од 3,7 процентни поени, а анкетата на 661 регистриран гласач во Вирџинија имаше маргина на грешка од 4,2 процентни поени.