Анкета: Трамп води пред Харис со 48 наспроти 46 проценти

од Milan1
98 прегледи

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп води пред потпретседателката на САД, од редовите на демократите, Камала Харис со 48 отсто наспроти 46 отсто во анкетата на Њујорк Тајмс-Колеџот Сиена, објавена денеска.

Анкетата, базирана на примерок од 1.142 регистрирани гласачи на национално ниво, има маргина на грешка од 3,3 процентни поени, објави Ројтерс.

Претседателските избори во САД се одржуваат на 5 ноември.

Слични содржини