Анонимни лица уплатиле половина милион долари на туѓи сметки

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Вкупно се платени 484.000 долари во неколку продавници во Охајо, Флорида и Пенсилванија за божикните и новогодишните подароци кои луѓето ги купувале на рати.

132448180-540x320
Дел од купувачите на американскиот синџир Волмарт добија неочекуван божикен подарок кога тајни Дедо Мразовци платиле речиси половина милион долари нивни сметки во три американски држави.

– Три лица, кои сакаа да останат анонимни, доставија износи во вредност од 106.000, 200.000 и 158.000 долари за плаќање сметки, изјави Вајат Џефриес, портпарол на Вол Март Сторс.

Тој додаде дека имало донации и во помали износи, од по неколку илјади долари.

– Горди сме што сме дел од овие случајно одбрани добри дела, напиша компанијата во соопштението.