Анри: Кога Халанд исчезнува, Фоден сам презема се

од Симе Стоиков
193 прегледи

Легендарниот француски напаѓач Тиери Анри ги коментираше добрите игри на Фил Фоден, а попатно го „чепна“ и Ерлинг Халанд.

Реал Мадрид и Манчестер Сити ремизираа (3:3) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, одигран во Шпанија.

Халанд повторно не успеа да постигне гол, а на последните седум натпревари, вклучувајќи ја и репрезентацијата, успеа да постигне гол само на претходниот дуел со Кристал Палас.

Во последно време не е во најдобра форма. Сепак, тоа не е случај со Фил Фоден, кој игра многу добро оваа сезона. Тој одигра 30 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 14 гола со седум асистенции. Од друга страна, во Лигата на шампионите на седум натпревари забележа пет гола и три асистенции.

Анри истакна дека Фоден е играч од „светска класа“ и дека на моменти го носи тимот на „грб“.

„Што повеќе може да се каже за Фил Фоден оваа сезона, кога недостасува Ерлинг Халанд или кога е повреден Де Брујн, тој носи се на свои раменици. Сега е јасно дека зборуваме за играч од светска класа бидејќи тој е подготвен да го носи целиот тим на грб и тоа на најважните натпревари“, изјави Анри за CBS.

Слични содржини