Анти-ЛГБТ протест во Сараево

од Vladimir Zorba

Неколку десетици граѓани на утринава се собраа во Сараево на анти-ЛГБТ протест. Тој се одржува во пресрет на Парадата на гордоста, која има за цел да ги промовира правата на ЛГБТИК заедницата во Босна и Херцеговина, закажана за попладнево.

Протестот против ЛГБТ, наречен „Вратете ни го виножитото“, го организира, како и претходните години, Санин Муса, претседател на партијата „Вера. Народ. Држава“. Протестот се одржува под мотото „Традиционален/нормален ден на семејството“.

Според извештајот на Народниот правобранител на БиХ, во Босна и Херцеговина од 2017 година не е постигнат конкретен напредок во обезбедувањето вистинска еднаквост на ЛГБТИК лицата.

Во извештајот, објавен во мај минатата година, се вели дека во БиХ не се преземени конкретни чекори за регулирање на заедницата на хомосексуалците, додека поимот интерсексуалец не е дефиниран со позитивните прописи кои се во сила во Босна и Херцеговина.

По прашањето на заштитата на индивидуалните права, говорот на омраза кон ЛГБТИК лицата сè уште е присутен, а ретко кој носител на највисоки позиции отворено делува во заштитата на правата на оваа заедница, пишува балканскиот сервис на РСЕ.

ЛГБТ + заедницата смета дека Босна и Херцеговина е зад земјите од регионот кога станува збор за носење закони кои би ги заштитиле нивните права. Тие посочуваат дека Босна и Херцеговина нема закон за истополово партнерство, но ниту закон за родов идентитет.

Слични содржини