Антикорупциска отвори предмет за наводите против поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска

од Milan1
26 прегледи

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека утре ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.

ВМРО-ДПМНЕ од вчера почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели.

Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција рече дека ќе одговара, ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини