Антикорупциска ќе ги „чешла“ општинските предводници непосредно пред локалните избори во октомври

191 прегледи

Следната година, според најавите на Антикорупциската комисија, ќе се прочешлува имотната состојба на 15 градоначалници, државни функционери, но и претседатели на Управните судови, кои изостанаа оваа календарска година.

Имено, државната комисија за спречување на корупција, го усвои годинешниот план за 2021. година. Но, останува непознато кои градоначалници ќе се најдат на мета на Антикорупциска, иако меѓу нив секако е Петре Шилегов.

Праксата вели дека проверката ќе биде како и порано, односно предвид ќе се земат претставките кои се добиени од граѓаните.

Претседателката на антикорупциска, Билјана Иванова посочи дека ова следува неспоредно пред оддржувањето на локалните избори, кои треба да се оддржат во октормври следната година.

Исто така, антикорупциска го усвои и Планот за јавни набавки. 54 милиони денари ќе се издвојат за стоки и услуги, а најголем дел од овие пари се за набавка на нов софтвер.

Слични содржини