Антикорупциска отвори предмет за имотната состојба на новоизбранатаа претседателка на Судскиот совет Павлина Црвенковска, предметот е отворен по допрен глас, но и по соопштението од страна на здружението на штедачи на пропаднатата Еуростандард банка.
Штедачите обвинуваат дека фирмата ,,Ecoplast recycling”, во сопственост на сопругот на Црвенковска повеќе од две години не враќал рати за земен кредит на фирмата во износ од 1,6 милиони евра, а и дека нејзината ќерка била во кредитното одделение на Еуростандард банка. Инаку, Црвенковска ги отфрли овие обвинувања.