375
Антиваксерите во Прухоњице кај Прага го нападнаа чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска на предизборен митинг и промоција на неговата предизборна книга.Тој мораше да се засолни во блиската слаткарница откако тие почнаа да фрлаат јајца кон него.
– Беа во моја близина и ме удрија со јајце во главата. Исто така беше погодено и 12-годишно девојче. Една дама доби шлаканица затоа што чекаше да ја потпишам нејзината книга – опиша премиерот Бабиш за таблоидот Блескисгред.
Полицијата уапси двајца бунтовници.
Tady se @AndrejBabis ukrývá (l) po útoku vajíčky.
Vidíte ty kříže dole, jak tam stojí jeho ochranka, tam je celá pravda o Babišovi a tohle mu nikdo neodpáře. pic.twitter.com/B6Bq28zOor— Maty Brendl (@Brendy1968) August 7, 2021