Антиваксери упаднаа во зградата на неколку телевизии во Лондон (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
443 прегледи

Десетици демонстранти кои се противеа на рестрикцијата и вакцинацијата упаднаа денеска во зграда во Лондон, каде што се наоѓаат неколку британски телевизии. Додека стотици демонстранти се противеа на вакцините шетајќи по улиците на градот, некои од нив ги пробија безбедносните бариери во седиштето на ИТН, каде што се прават вести за ИТВ, Канал 4 и Канал 5, и се собраа во влезот на зградата, пренесуваат британските медиуми.

Тие се насочија кон еден водител и извикуваа „Сега ни ги земаат децата“, бидејќи вакцинацијата е продолжена на возраста од 16 до 17 години во Велика Британија.

Полицијата која била повикана само изјавила дека демонстрантите ја напуштиле зградата кога пристигнале.

„Ние сме против масовно тестирање со сомнителни ПЦР тестови и вакцинација на деца“, рече еден демонстрант за АФП.

Друг демонстрант изјавил дека масовните медиуми зборуваа само за смртни случаи од Ковид-19, а дека никој не пренесувал за смртен случај поради вакцините.

Зградата бил под силна полициска заштита во текот на попладнето, објави фотограф од агенцијата АФП.

„Нападите врз новинарите поради нивните извештаи за вирусот корона се загрижувачки“, рече портпаролот на ИТН. „Овие акции резултираа со спречување на новинарите да ги продолжат своите активности за собирање информации, што ИТН најостро го осудува“, додаде тој.

Во почетокот на август, неколку десетици луѓе се собраа да демонстрираат пред просториите на Би-Би-Си во западен Лондон.

Вакцинацијата против Ковид-19 не е задолжителна во Обединетото Кралство каде движењето против вакцините е многу ограничено, односно приближно 90 проценти од возрасните примиле барем една доза од вакцината.

Foto:SOPA Images / ddp USA / Profimedia

Слични содржини