По вториот пресек во суперфиналето на Пинкови ѕвездички, Антониа Гиговска го напушти натпреварувањето како седмо пласирана.
14 годишната скопјанка успеа заедно со Мартија да стигне до најдобрите 10 во последната емисија и да се бори помеѓу најталентираните за победата во втората сезона на регионалното талент шоу Пинкови ѕвезички.
Антониа настапи два пати во суперфиналната вечер, прво со хитот на Мајкл Џексон “Billie Jean”, а потоа со познатата балада “I will always love you” која рече дека е посветена на некој кој треба самиот да се препознае.
“Ти си Бродвеј, Холивуд, Булеварот на славните, заслужуваш да бидеш пример на младите… ти си еден сериозен врв!“ ѝ рече Леонтина.