Потребно е целосното разбирање на тоа што е поткуп, овој термин треба детално да биде разбран од владеачката структура само на овој начин Владата ќе може да учествува во развојот на комбиниран сет на превентивни и мерки за да се намали односно да се спречи поткупот како појава во нашето општество.Загрижувачко е дека несовесно работење се јавува претежно кај јавните службеници, но сепак некои сектори се поранливи поткуп од другите. Ова очигледно зависи од природата на обезбедените услуги, но тоа исто така, се чини дека одредени практики на поткуп се повеќе воспоставени во одредени сектори, вели во интервју за „Локално“, експертот за борба против корупција, Сирма Ѓорѓиева Антонијевиќ.
Друг проблем, како што објаснува таа се вработувањата во јавниот сектор бдејќи не постои транспарентност дали е вистинскиот кандидат на право место.
Според неа потребни се анти –корупцски реформи кои ќе бидат јавно објавени и транспарентно за да можат да бидат следени од секој граѓанин.
-Владеачката гарнитура треба да разработи Систем за следење на имлементација на овие реформи кој ќе содржи репресивни и превентивни мерки – со цел да се идентификуваат успешните и неуспешните практики. За да се случи вакво нешто потребно е Владата како свои партнери во оваа борба да ги вклучи граѓанските организации, истражувачки центри заедно со поддршка на меѓународните и регионалните организации. Да се надеваме дека ќе се движат работите на подобро во спротивно , младите кадри и младите луѓе ќе заминуваат надвор од државата, смета Ѓорѓиева Антонијевиќ .
Владата на Република Северна Македонија цврсто реши да ја промени сликата и перцепцијата во борбата против корупцијата најавувајќи ги приоритети во „Акција 21 – европски стандарди дома“ по податокот дека земјата втора година по ред стагнира паѓа на ранг-листата (111-то место) според индексот за перцепција на корупцијата изготвен од „Транспаренси интернешнл“ за 2020 година.Од каде треба да се почне борбата против криминалот и корупцијата за да се „поправи“ целокупна слика?
Потребно е Владата да застане сериозно против оваа борба, да ги стави на располагање своите институции на ДКСК.Ако владата не ја поддржува борбата со корупцијата, нема да има резултат. Кога зборувам за владата не мислам само да ја поддржи вербално туку да има стратегија како тоа ќе го направи и јавно ,транспарентно да го објавува сработеното на ова поле.
Во извештајот на ЕК според спорведените анкети е наведено дека граѓаните сметаат дека со поткуп може да се заврши одредена работа и дека овој начин на пристапување не е ништо страшно. Според вас како оваа општествена пракса (свест) може да се сузбие?
Потребно е целосното разбирање на тоа што е поткуп, овој термин треба детално да биде разбран од владеачката структура(треба да постојат задолжителни тренинзи на носителите на јавни функции), само на овој начин Владата ќе може да учествува во развојот на комбиниран сет на превентивни и мерки за да се намали односно да се спречи поткупот како појава во нашето општество. Исто така треба да постои соодветен механизам на казнување, со многу строги санкции.
Загрижувачко е дека несовесно работење се јавува претежно кај јавните службеници, но сепак некои сектори се поранливи поткуп од другите. Ова очигледно зависи од природата на обезбедените услуги, но тоа исто така, се чини дека одредени практики на поткуп се повеќе воспоставени во одредени сектори. За да се разберат подобро причините поради кои се плаќа поткуп, треба да се идентификуваат конкретни прашања, и треба да се тргне од квалитетот на услугите. На пример, во време на пандемија но и и генерално потребно е да биде намалено времето на чекање за одредена здравствената услуга, доколку тоа се случи треба овластеното лице да сноси одговорност. Потребна е имлементација на конкретни мерки. Секој сектор кој е ранлив на поткуп може и треба да претрпи специфични проценки со цел да се идентификуваат приоритетните области и на тој начин да се обезбеди антикорупциска реформа на тој дел.
Потребно е да постои поактивна кампања , на сите медиуми дека поткупот не е добар. Друг проблем се вработувањата во јавниот сектор, не постои транспарентност дали е вистинскиот кандидат на право место. На овој начин се рушат одредби на Конвенција на Обединетите нации за борба против корупција,која ние ја ратификувавме. Секторски проценки на интегритетот на јавните службеници по сектори.
Овој проблем не е од сега тој се наоѓа во нашата земја и се повеќе зема поголеми размери, бидејќи не се превземени конкретни практични чекори за намалување на корупцијата. Сето ова кое што се наведено во текстот е потврдено од извештајот направен од UNODC (2011 ).За жал и после десет години состојбата не e исти ,напротив е влошена.
Од ДКСК посочуваат дека треба да се ограничи дискреционото право на носителите на јавни функции за начинот на вработувањата посочувајќи дека има неколку случаи каде има непотизам. На кој начин може да се спречи овој вид на вработување во администрацијата со цел вистински луѓе да бидат поставени на вистинско место?
На ден 03.11.2021 заврши проектот на Европската Комисија кој траеше повеќе од две години и се однесуваше токму на ова прашање , за реформи во процесот на вработувањата и лиценцирањето на Jавната Администрација.
Извештаите и препораките од експертите ќе бидат достапни наскоро до целата јавност.
Сепак потребно е да се зголеми транспарентноста , и владата e клучниот столб ако сака да ја направи реформата ,на начин што ќе ги постави правите луѓе на право место. Владеачката гарнитура е базата за да се објави сериозна борба на корупцијата. Доколку ја нема поддршката од Владата ,не може да се намали корупцијата, напротив таа ќе зема поголем замав.
За да имаме успешна борба за корупција треба да имаме независно судство и обвинителство, ГРЕКО го вклучи алармот, зошто дел од препорките кои се наведени се уште не се имплементираат иако имаме програма во која се мапирани најбитни области? Дали затајува соработката меѓу институциите?
Ако нешто не е имлементирано тоа значи дека не е сработено. Повторно ќе се вратам на базата, за да се имлементираат препораките од ГРЕКО потребно е владата поагресивно да работи на ова поле. Во вториот дел од прашањето во врска до програмата во која која се мапирани најбитнте области за Националната стратегија која ја донесе ДКСК за борба против корупцијата , сметам дека истата е донесена декември 2020 год. потребно е време да видиме колку ќе се реализаира во праксата, сеуште е рано да се каже.
Но, за да постои реализација на оваа стратегија потребно е Владата да ги стави своите институции на располагање на ДКСК од една страна , но исто така треба и активно да соработува со комисијата.
Во извештаите на ГРЕКО се вели дека немаме транспарентност, граѓаните доколку сакаат да укажат на одредено прекршување на законот поврзано со корупција не се заштитени, воедно и во полицијата укажувачите немаат заштита. На кој начин може државата да интервенира со цел лицата кои пријавуваат-укажуваат можат да бидат заштитени?
Потребно е да се обучат соодветни кадри, кои ќе бидат задолжени за овие прашања.Лицето кое ќе биде одговорно за заштита на укажувачите треба да има свој личен комјутер и достапност до овој комјутер треба да има исклучиво тоа лице. Ова лице од друга страна треба да биде во посебна одделена просторија , како би се гарантирала анонимноста на укажувачите. Треба да постојат многу строги санкции во случај да бидат прекршени овие правила, кон лицето кое ја поминало обуката и кое морало да ја гарантира дискрецијата на секој укажувач..
Исто така, многу е важна соработка со ДКСК која понатаму ќе го истражува целиот случај , но и не помалку важно е да има соработка со Обвинителството како и судсвото. Потребно е да биде направена обука на обвинителите и судиите, кои ќе имаат соодветна обука за да бде гарантирана дискрецијата и заштитата на укажувачите.
За да се поттикне поактивно учество на укажувачите ,треба да се обучат и адвокати кои ќе ги застапуваат нивните интереси и ќе им биде загарантирано правото за заштитен сведок. На лицата кои се јавуваат како укажувачи треба да им следи финансиски надоместок бидејќи за нив ќе предстои многу тежок процес . Но исто така нивните семејства треба да бидат максимално заштитени. Дури понекогаш е добро овие лица да бидат отстранети со семејството надвор од територијата на државата , ако се работи за случај со висока корупција додека не се заврши процесот.
Додека траеа моите студии во Австрија на Интернационалната Анти-Корупциска Академија, особено беше ставен акцент на ваквите обуки и токму кадрите кои се излезени од оваа институција се спремни да направат вакви обуки како и антикорупциска реформа на државниот и приватниот сектор. Но, за жал не постои до денес иницијатива тоа да се направи. Да се надеваме дека во иднина ќе се променат работите
Водиме борба со високата корупција и организираниот криминал, во која нема заштитени и недопирливи“, вели вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски. Како ја оценувате досегашната работа на оваа нова вицепремиерска позција?
Јас не можам никого да оценувам, сите оценки и дали е успешна или неуспешна борбата се достапни во извештаите на ГРЕКО и меѓународните организации, како и спроведените проекти за борба против корупција кои се поддрзани од УСАИД.
Генерално во врска со целата состојба би сакала да го додадам следното:
Потребни се итни Анти –Корупцски реформи на (здравствениот сектор, судството, обвинителството полицијата, царината, Урбанизмот, односно неконтролираната конструкцијата и реконструкцијата на патната мрежа ,Урбаитн.) . Овие реформи треба да бидат јавно објавени и транспарентно да можат да бидат следени од секој граѓанин, односно треба да се овозможи на секого да има пристап до рефомите. Ова е начин за да се прати порака дека корупцијата не е добра и да се смени совеста на сите нас.
Владеачката гарнитура треба да разработи Систем за следење на имлементација на овие реформи кој ќе содржи репресивни и превентивни мерки – со цел да се идентификуваат успешните и неуспешните практики. За да се случи вакво нешто потребно е Владата како свои партнери во оваа борба да ги вклучи граѓанските организации, истражувачки центри заедно со поддршка на меѓународните и регионалните организации. Исто така важно е да биде зголемена и достапноста на овие информации со постојано објавување на сите медиуми, официјалните страници и да им се овозможи на новинарите непречен пристап за следењето на прогресот од овие реформи.
Да се надеваме дека ќе се движат работите на подобро во спротивно , младите кадри и младите луѓе ќе заминуваат надвор од државата.
Б.М.