По 20 години брак, актерската двојка Бандерас – Грифит се разделија во 2015 година, а во најновото интервју, шпанскиот актер искрено прозборе за поранешната сопруга.
Имено тој призна дека засекогаш ќе ја сака својата втора сопруга, Американката Мелани Грифит.
– Мелани не ми е сопруга, но таа е мојот најдобар пријател. Ја сакам и ќе ја сакам до смрт. Таа е моето семејство – искрен е педесетидвегодишниот актер.
Тој со 62 годишната Мелани ја имаат ќерката Стела (23) за која вели дека ја наследила неговата креативност.
– Стела е талентиран писател. Се вљуби во книгите од мала и ужива во случувањата зад камерата и вниманието од јавноста, признава актерот кој со Мелани се грижеше и за нејзините две деца од претходните врски, ќерката Дакота Џонсон и синот Александер Бауер.
– Секогаш сум бил тука за нив, бидејќи ја сакам нивната мајка и за мене се најважниот дел од нејзе. Многу брзо самите го сфатија тоа и ме викаа Папонио, што е комбинација од тато и Антонио – открива Бандерас кој и денес се труди со пораншената сопруга да учествува во семејните прослави за празници и други пригоди.
– Мелани реши да остане дома додека јас работев надвор од границите на САД, за да го има нашето семејство животот како и секое другп. Не би било чесно да ги терав да патуваат со мене по светот – истакнува Бандерас кој со девојката Никол Кимпел последниве години живее во Лондон, додека семејството е во Лос Анџелес.