363
Изјавите на американските политичари дека Русија наводно ќе ја нападне Украина за време или по Олимпијадата се апсолутно неосновани и не се поткрепени со никакви докази, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
Одговарајќи на прашање на магазинот „Њузвик“, Антонов оцени дека изјавите на американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан имаат алармантен тон и дека само ја покажуваат желбата на администрацијата во Вашингтон да ја максимизира пропагандната кампања против Русија.
Според Антонов, чиј одговор е објавен на Фејсбук страницата на руската амбасада, целта е да се создаде впечаток во јавноста дека наводната „агресија“ е неизбежна.