Анџелина Џоли: Моето срце е со луѓето во Сирија и Турција (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
207 прегледи

Актерката и режисерка Анџелина Џоли е позната како голем хуманитарец и затоа реши да им пружи поддршка на народот во Сирија и Турција, кои трпат големи последици поради разорните земјотреси.

Анџелина е меѓу ретките светски личности кои проговорија на оваа тема.

Имено, актерката на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од Турција, како и видео од маж кој вели дека им треба брза помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

– Моето срце е со народот на Сирија и Турција. Тешко е да се сфати незамисливата болка што ја трпат толку многу семејства во овој момент. Ова ми го испрати еден пријател од северозападна Сирија. Решив да ги поддржам The Whitehelmets и Tphilanthropy. Се надевам дека другите ќе размислуваат за давање за да можат да продолжат со својата работа за спасување животи, напишала Џоли.

Слични содржини