АП: Русите уништиле 57 училишта што е можно воено злосторство

од Nikola Popovski
295 прегледи

Асошиејтед прес и емисијата „Фронтлајн“ на американската телевизија PBS независно потврдија дека Русија уништила или оштетила најмалку 57 украински училишта на начин што укажува на можни воени злосторства, пишува АП. Украинските власти велат дека руските сили гранатирале повеќе од 1.000 училишта, уништувајќи 95, а АП вели дека тоа е најверојатно само дел од можните воени злосторства.

Сепак, и покрај широкото уништување на образовните објекти, експертите за воени злосторства велат дека е тешко да се докаже дека некои училишта биле намерно гранатирани. Руските власти ги отфрлаат тврдењата за напад на цивилна инфраструктура.

Во екот на војната во Украина, милиони деца имаат онлајн часови, а меѓународната детска хуманитарна група „Save the Children“ изјави за АП дека соработуваат со властите во Киев за да воспостават онлајн програма за настава за ученици во 50 училишта.

Во тоа им помага и УНИЦЕФ.

Слични содржини